- Статијата „Делчев во македонскиот код на драмскиот текст“, објавена на порталот УМНО, вклучува извадоци и поенти од поголем научен труд на оваа тема, презентиран на Научната конференција посветена на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев која се одржува денес, 4 мај.
- Почетоците на присуството на Гоце Делчев во македонската драматургија датираат од 1903 година, кога по повод неговата погибија, Војдан Чернодрински му ја посветува и ја поставува на сцена сценката „Срешта“ – првата македонска драма во стихови. Следуваат драмата „Илинден“ од Никола Киров Мајски (1923) и „Ајдучка полјана“ од Димитар Молеров (1926), „Илинден“ од Никола Киров Мајски (1923) и „Ајдучка полјана“ од Димитар Молеров (1926).
- Од драмата, ликот на Делчев, во периодот на модернизмот, во 1972 година, минува и на филмската лента – преку „Табакерата“, телевизискиот филм со сценарио на Ѓорѓи Абаџиев и Ташко Георгиевски, во којшто се екранизира и драмски се поставува истоимениот расказ на Абаџиев. За модернистичкото портретирање на Делчев може да се посочат и телевизиските серии „Курирот на Гоце“ (1978) и „Илинден“ (1983), но и монодрамата „Гоце“ на Ката Мисиркова-Руменова, екранизирана во 1993 година.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.