- Mакедонската диригентка со европска кариера Елена Митревска од 1 јануари 2026 ќе биде уметничка директорка на хоровите на Данското радио (ДР) – Дански национален вокален ансамбл и Концертен хор на Данското радио.
- Митревска (42) дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008. Образованието го продолжи во Виена, на Универзитетот за музика и изведувачки уметности, каде што дипломираше прво на Одделот за хорско диригирање, а потоа и на Одделот за оркестарско диригирање. Од 2016 до 2020 беше ангажирана како хор-мајстор во операта во Овиедо, Шпанија, а од 2020 е главен хорски диригент во операта во Малме, Шведска.
- „По пет години во Скандинавија, имам огромна почит кон единствената хорска традиција во регионот и возбудена сум што ќе ги истражувам богатите музички корени на хоровите на ДР. И двата ансамбла се меѓународно познати по нивниот препознатлив звук – вкоренет во силна традиција и ценетото данско наследство на песни, кое ќе продолжиме да го почитуваме“, изјави во соопштение за медиумите Митревска, додавајќи дека ќе го прошири репертоарот на хоровите со живи дански композитори.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.