"Asshole" или по нашки „шупак" нема само анатомско туку и метафорично значење. Применет врз луѓе, тој означува глупав, некомпентентен, непријатен или вулгарен човек (не знаеме точно зошто, ама мислиме дека се однесува на маж). Нинберг, во неговата нова книга „Подемот на зборот на ’Ш’: првите шеесет години“, вели дека тој во американската култура се појавил во текот на Втората светска војна, како термин за офицер кој смета дека неговиот статус „му дозволува да малтретира други луѓе, или да се однесува како поважен отколку што навистина е". Првиот генерал кој го заслужил овој ласкав епитет во американската армија бил Џорџ Патон, што и не е чудно имајќи го предвид неговиот табиет.
Сепак, тој во секојдневна употреба навлегол дури во '70-тите, кога јазикот генерално почнал да станува полиберален и да ја отфрла униформноста и формалноста. Тогаш феминистките го употребиле за да го заменат со „штикла" (heel) - во тогашниот сленг со значење маж кој омаловажува жени. Во раните 1990-ти зборот бил еден од оние кои не смееле да бидат изговорени на комерцијалните ТВ станици, а комичарот Ендрју Дајс Клеј ја скандализирал јавноста кога го изговорил во текот на доделувањето на награди на MTV во 1989. Во 2004 Хуго Чавез го нарече Буш „шупак" затоа што овој наводно поддржувал бунт против венецуелскиот претседател.
Едно површно гуглање на зборот на (нелитературен) македонски не даде некои забележителни резултати, освен овој - Фејсбук група „за сите кои се викаат Шупак и шо имаат некој шупак во животот".
Нам на темава сепак ни е најдраг цртежот на Курт Вонегат, кој успева суштински да ја сублимира анатомијата со психологијата на карактерот за кој станува збор.