Со оглед на нивната големина, некои птици имаат впечатливо долги животни векови. Тие живеат најмалку три пати подолго од цицачите со истата големина, и покрај споделените својства, како висока телесна температура, висок метаболизам и високи нивоа на гликоза, кои имаат тенденција да го скратуваат животот. Но колку точно живеат птиците?
Крактиот одговор би бил 5-10 години. Пронаоѓањето на просекот сепак не е толку лесно бидејќи „авес“ како што се нарекува на латински се таксономската класа која се состои од над 11.000 видови.
Папагалите, фламингоата и некои претставници од семејството морски птици-буревесници се сметаат за најдолговечните птици, со животен век од над 30 години. Најстарата поединечна птица регистрирана во дивина е женка-албатрос по име Виздом (Мудрост), пронајдена во Националниот парк Мидвеј Атол на Хаваи, која во 2023 наполнила неверојатни 73 години. Долго живеат и розовите какадуа и андските кондори, кои имаат абнормално долги животни векови во рамки на своите таксономски семејства.
Птици со најкратки животни векови ги вклучуваат клукајдрвците и врапчестите птици. Црвеногрлото колибри живее само 3-5 години што е сепак релативно долго за толку мало животно.
Генерално правило за секој животински вид е - колку поголем, толку подолг животен век. Ова е особено точно за птиците и рибите со коски. Поголемите птици имаат помалку природни предатори и подолго се развиваат.
Сепак, има и исклучоци од ова правило. Колибрите, на пример, се помеѓу најмалите птици, па сепак некои видови можат да живеат и до 14 години во дивина. Притоа, колибрите од најмалиот вид, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само 6 cm.
На другата страна на оската, ноевите, најголемиот вид птици на светот, можат да живеат 70 години во заточеништво, но најчесто живеат од 30-40 години во дивина поради природните предатори.
Веројатно поизненадувачки фактор на долговечноста е климата. Тропските животни живеат „бавно“ и подолго, имаат побавни метаболизми и помалку наследници. Птиците од умерените клими живеат и умираат побрзо. Тропските птици исто така се поотпорни на оксидативен стрес, кој може да ги повреди ткивата на клетките и генералното здравје. Тропскиот животен стил е дел од причините зошто папагалите живеат толку долго, а втор елемент е нивната когнитивна способност.
Сепак, главната причина за долгиот животен век на птиците е многу поедноставна: тие можат да летаат. Летачките видови живеат до четири пати подолго отоколку животните кои не летаат, просто бидејќи можат полесно да избегаат од канџите на непријателите.