Среде бесценетите артефакти и културни богатства кои се чуваат во Британскиот музеј, посетители во средината на 20 век можеле да наидат на уште нешто - не на една, туку на неколку случајно заскитани мачки, кои имале и имиња.
Блек Џек, Мајк, Попет и уште неколку други други биле „вработени“ како официјални ловци на глувци во музејот уште во 19 век. Писмо кое се чува во оваа институција од 1868 наведува и дневница од 1.5 пени дневно по мачка, за тоа што секоја од нив придонесува во музејот да нема глодари. Мачките на списокот вработени истовремено биле и здравствено осигурани и добивале доволно риба и варено месо како надополна на оброците глувчешко.
Некое време мачките биле сакани и почитувани како влакнести колеги. Но веројатно бидејќи тогаш стерилизацијата на миленици не била вообичаена пракса, набргу цела колонија мачки ја запоседнале институцијата. Дел од мачките биле и домашни, кои поради економската поствоена криза биле оставени на улица од нивните сопственици. Поради гужвата во музејот, атмосферата се променила - мачките се карале за оброците и за територија, а имало и случаи на напади на читатели и вработени.
Цели 15 години музејот смислувал тактики како да излезе на крај со проблемот. А кога бројот на мачки се приближил до 100-ка, некои од вработените почнале да предлагаат и тотално уништување, што било поддржано и од британската влада.
За среќа на аилурофилите (да, така се викаат љубители на мачки), aнонимна група вработени ги убедиле надредените да преземат нешто похумано - мачките најпрвин да се стерилизираат а потоа да се вдомат. Ова се покажало успешно, и набргу колонијата броела само шест мачки, а по нивната смрт ниту една. Затоа, секоја забележана мачка во музејот денес се смета се третира како да е во „неофицијална“ посета.