
Една од дизајнерките има дипломирано компаративна книжевност, и е наводно голема љубителка на книги. До толку што на свадбата имала полици со книги на олтарот, и купишта книги како декорација на гостинските маси. Незнаејќи што да им прават после свадбата, таа и нејзиниот сопруг се сетиле да ги употребат книгите како постоља за полнење телефони, кои чинат околу 50 долари.
„Однесено со виорот", „Последниот Мохиканец", „Разум и чувствителност" - па и не им е лош изборот. Иако едно време за вистинскиот книгољубец стара книга можеше оправдано да биде искористена само како потпирач за нестабилна маса. Ама времињата се менуваат...