Отприлика како во Сердарот: „Пискотници се слушат од Галичник до Река/што тешка несреќа ги збра/и мажите и жените та гласи тажна ека/и навева сал коб и зла?". Па оди: дал е ова, дал е она, дал е вака, дал е така, нит е ова нит е она, туку е вака и вака. Не е баш школски пример, ама овие интроспективни твитови на Кање Вест ни звучеа како тој, освен неговиот омилен Ниче, да го читал и Прличев.
И иако не нуди конечен одговор, човекот има поента. Можеби „кучка“ и „црнец“ се само моќни, повеќеслојни зборови, а нивното можно значење зависи од тоа каде и кој ги употребува. Ние такви имаме еден куп: „пе(д)ер“, „ѓавол“, „политичар“, „кокошка“. Сите тие можат да бидат употребени и со љубов, како во примерите: „Кај си бе пе’ер?“, „Море што ѓавол си“ и „Мх-мх, како ми испадна кокошкава...!“.