Шикси Ши има интересна биографија - од студирање руска литература во Петерсбург, преку психилогија во Лондон, до физика на Универзитетот Браун. И меѓу сето тоа, анимација.
Во ова видео таа ја опишува својата љубов кон физиката, со едноставни но впечатливи цртежи и анимации.
„Физиката ме научи луди нешта. На пример дека не седам на столчево, туку дека гравитацијата ме влече. Дека дијамантот е всушност круг. Ако погледнете подобро, сè околу вас е нешто друго."
Што понекогаш знае да биде баш добра вест. Сепак, главната поента на овој мини-есеј е во спрегата меѓу совршеноста и хаотичноста, кои не се исклучуваат туку се надополнуваат. Онаа нивна комбинација која ја нарекуваме наш живот.