Замислете сцена во која од канчето млеко ве гледаат две црни очи на суштество со лигава кожа и краци што вика „кре-кре“.
Токму на овој начин Русите пред измислувањето на фрижидерите го чувале млекото од расипување. Ваквото знаење се пренесувало од колено на колено, иако никој не знаел точно зошто конкретната жаба од родот Rana temporaria („треварка“ или планинска жаба, распространета низ цела Европа).
Група научници предводени од професор на Московскиот државен универзитет, Алберт Лебедев, во 2012 се зафатија со истражување на слузта што ја испушта оваа жаба. Притоа откриле дека таа содржи моќни антибактериски и антигабични пептиди, кои Лебедев ги опишал како „енормно оактивни“. Станува збор за 76 различни пептиди, кои можат да помогнат во креирање нови антибиотици или лекови.
Жабите немаат ни заби ни канџи, па секретите од нивната кожа претставуваат една од главните одбрани против големи и микроскопски предатори. За да бидат екстрахирани од телото, тимот на Лебедев употребил електроди, кои (ова е нагласено) не ги повредиле водоземците.