Идеја за следните избори

Kaко да искористиш политички собир зa да промовираш читање

Вчера во Кливленд заврши Републиканската национална конвенција на која повеќето од присутните изјавуваа дека сакаат „Америка повторно да биде голема". Ама еден библиотекар имаше поинаква агенда.

Џонатан Харис сака Америка повторно да чита. Раководител на локална библиотека, тој на конвенцијата на Републиканците се појавил со гајба книги прицврстени на точак и во текот на три дена ги делел на присутните.

Изјавил дека не поддржува ниту еден кандидат, туку ја промовира важноста на јавното финансирање на библиотеките, како и на читањето воопшто. Дел од инспирацијата му дошла од натписот на маиците и капите што ги продава њујоршката книжарница Стренд („Направи Америка повторно да чита"), но и кога дознал дека градот Кливленд дозволува секој да „дистрибуира литература".

„Поделив книги на прилично шарена група луѓе. Но никој не го хејташе читањето и не кажа ништо против библиотеките. Се обидов да го промовирам она што го правиме, и да објаснам колку е важно да се финансираат библиотеките. Морам да нагласам дека во моментов сум на одмор. Сите ставови кои ги застапувам се мои лични, и не треба да се толкуваат како ставови на мојот работодавач. Ниту еден даночен долар не беше потрошен за книгите кои ги делам, туку се донации од волонтери кои работат во библиотеката".

Кај нас велат ќе имало избори - замисливме како со гајба книги стоиме покрај „шарена толпа" гласачи за која и да е политичка опција, и се обидуваме да зборуваме за важноста на читањето и во корист на библиотеките. Сигурно и нас никој нема да нè хејта.

22 јули 2016 - 10:38