Ги нема Арагон, Гандалф и Фродо, но го има кралот Артур - Харпер и Колинс го најави излегувањето на до сега неиздадената поема „Падот на Артур" на славниот Толкин, која има повеќе од 200 страници.
Кристофер Толкин, кој е уредник на книгата и ги напишал коментарите, изјавил дека татко му отсекогаш бил инспириран од англиската поезија на 14. век, а во овој еп се обидел истата метрика да ја примени на современиот англиски.
Толкин почнал со пишувањето на „Падот на Артур" неколку години пред „Хобит". Издавањето на овој еп се придружува на серијата „нови" изданија од овој автор, кои до сега ги влучија „Легендата за Сигурд и Гудрун" од 2009., и недовршената приказна „Децата на Хурин" од 2007.
Епот се занимава со класичните теми на идентитетот, жртвата за повисоки добра и предавството, особено она од страна на Мордред - нешто како наша Црна Арапина во светот на легендите за Артур. Толкин во епот го опишува вака: "Неговиот кревет е празен, во него има црни фантоми/со незаситна страст и див бес/неговиот мозок врие до мугри".