Во 2005, Александар Румјанцев (на сликата), тогаш министер за атомска енергија на Русија, во Иран потпишал договор за обезедување на земјата со нуклеарно гориво. На свечено украсената маса имало икебана направена од колумбиски каранфили, португалски гладиоли, холандски нарциси и американска папрат. Или барем така покажало истражувањето на Сајмон на архивски снимки, во соработка со ботаничар.
Тајрин (за чиишто претходни проекти пишувавме тука) нарачала четири илјади ботанички примероци од најголемиот светски пазар на цвеќиња во Холандија, и создала 36 „мртви природи", пресувани билки кои го одбележале потпишувањето на договори помеѓу 1968 и 2014. Серијата има интересен наслов: „Хартии и волјата на капиталот".
Исто како што цвеќињата во серијата се исушени, така често пропаѓаат и дипломатските напори и склучените договори на свечено поставените астали. Но секогаш има нови пратки свежи букети, кои ги красат новите маси. Минатото лето Сајмон ги изложила нејзините фотографии на Венециското биенале, при што секоја била придружена со текст објаснувајќи ја историјата зад изложените примероци. Наскоро по отворањето на изложбата, Државниот секретар Џон Кери, заедно со претставници на уште пет земји, во Иран седнал на преговарачка маса за ограничување на иранската нуклеарна програма. На масата имало сини хортензии.