Неодамна објавената студија во списанието Неврологија покажува дека читањето и сличните активности ја намалуваат стапката на опаѓање на интелектуалните способности кај пациенти кои страдаат од деменција. Истражувачите испитале мозоци на 294 пациенти по нивната смрт, и увиделе дека стапката на когнитивен пад е помала кај оние пациенти кои претходно навеле дека во текот на целиот живот, па и во староста, се занимавале со читање, пишување и играње друштвени игри.
Други студии тврдат дека читањето, и тоа на книжевна фикција, помага луѓето полесно да излезат на крај со несигурноста и конфликтните ситуации, и да се воздржат од донесување нагли заклучоци. Психолозите на Универзитетот во Торонто им дале на учесниците во експериментот да прочитаат расказ или есеј, а потоа ја тестирале нивната толеранција на збунувачки ситуации. Учесниците кои читале имале помала потреба веднаш да донесат некаква одлука, туку се обидувале да размислуваат креативно, и да ги споредуваат различните опции кои им стојат на располагање.
Во 2012 тим составен од познавачи на англиската литература, невробиолози и радиолози од Стaнфорд извеле интердисциплинарен проект во кој учесниците читале дел од „Менсфилд парк" на Џејн Остин дур преку магнетна резонанца им биле скенирани мозочните функции. Резултат: „Обраќањето внимание на книжевни текстови подразбира координација на повеќекратни, сложени когнитивни функции". Со други зборови внимателното читање е како правење стомачни. Со мозокот.