Bookbox

Тантал и последната тоалет хартија: старогрчки митови сред пандемија

Нарцис малку предолго се ѕвери во својот одраз во тек на видео повик. Заглавена дома, Медуза се обидува да ги пресече своите палави кадрици.

„Сапиенс“ на Јувал Ноа Харари излегува како стрип

Историјата на човештвото ќе биде раскажана низ серија графички новели базирана на бестселерот на Харари.

Koга гратче во САД исценирало дека го презеле комунисти

Во 1950-тите, жителите на Мосин, Висконсин, извеле нешто што било замислено како театарска претстава - бунт кој требало да предупреди од опасностите на „црвените“. Но како што обично бива, симулацијата не поминала без последици. 

Почина магионичарот кој ги раскринкуваше лажните чудотворци

Џејмс Ренди беше необична комбинација на илузионист и скептик. Го нарекуваа „раскринкувач“, но тој сепак повеќе сакаше да се вика „истражувач“. Со него се врзани голем број интересни приказни, за неговата борба против магијата која се продава како вистина, а не како забава.

Што значи тоа „по свахили време“?

На јазикот свахили времето се мери од изгресонце до зајдисонце (a.m.) и од зајдисонце до изгрејсонце (p.m.). Бидејќи вообичаено денот почнува во седум наутро, тоа по нивно е 1. А бидејќи сонцето заоѓа во 7 навечер, тоа за нив е повторно 1. Но ако не ја знаете оваа разлика, или ако сте бавни во пресметувањето, ќе бидете тотално збунети.

Излезе заборавена книга од 1948 на член на британската бригада која ја градела пругата Шамац-Сараево

Неодамна во издание на Фабрика књига од Белград излезе превод на книгата „Пругата: авантура на изградбата“, изворно објавена на англиски во Лондон во 1948, која до сега не била приопштена на ниту еден од некогашните југословенски јазици.

Тајниот свет на ловци на дневници

Има луѓе кои копаат по стари книги во потрага по нечии дневнички записи. Има некоја магија да влезеш во свет на туѓинец за кој знаеш дека не е лик од книга. Но некои се против објавувањето и трговијата со овие парчиња интима.

Антроподермичка библиопегија: книгите подврзани во човечка кожа

Постапката има софицистирано име. Но зад него се крие пракса која, спротивно на стереотипите, не е врзана со нацисти и сериски убијци.

Што е вистина а што измислено во „Судењето на 7-мината од Чикаго“?

Нов одличен филм на Аарон Соркин во продукција на Нетфликс го прикажува судењето на осуммина (да, осум) антивоени активисти кои протестирале во текот на Демократската национална конвенција од 1968, што завршило со насилен судир помеѓу нив и полицијата. Судски записници, мемоари и медиумски написи покажуваат што е историски верно а што измислено во филмот.

Нов албум на Кронос квартет во чест на пејачот и активист Пит Сегер

Можеби не го знаете името на Пит Сегер, но веројатно ја знаете неговата изведба на We Shall Overcome, старата духовна песна која со негова помош стана химна на движењето за граѓански права во Америка. Гудачкиот квартет Кронос сега му посветува албум.

Захаријас Мавридис, сценарист и режисер: Грчката економска криза ги оживеа разликите меѓу левицата и десницата

Неговиот филм „Ветеран“ синоќа, 18.10, беше прогласен за најдобар на петото издание на фестивалот Киненова, кое оваа година одеше и на ТВ24. Интервјуто е направено пред објавата на признанието, а зборува за историскиот контекст на неговото дело, современата состојба со радикалната десница во Грција и зошто мачките не се баш добар филмски кастинг.

Како Дејвид Фостер Валас го предвиде Зум - и нашиот замор од онлајн конференции?

Ликовите во „Бескраен мајтап“ - еден од најкомплексните романи на светската книжевност - најпрвин се воодушевени од можноста да комуницираат преку видеофони. Но набргу почнуваат да ги чувствуваат сите нуспојави. Точно оние кои набргу и ние ќе ги осетиме.

Што е тоа „мудрост“?

Иако е еден од најстарите термини во интелектуалната историја на човештвото, мудроста е тешко да се дефинира. Има мистични квалитети, инспирира восхит и стравопочит, но главно се потпира на архетипи од историјата или популарната култура. Мудроста е посакувана, но што е всушност таа?

Текст од 2002 за расколот помеѓу Меѓународниот славистички комитет и Бугарската академија на науки

Пред скоро две децении во Утрински весник се појави текст на проф. д-р Коста Пеев под наслов „БАН не го уважува меѓународниот славистички комитет“. Како и со голем број други статии објавени во медиуми кои во меѓувреме се згаснати, и оваа можете да ја пронајдете само со крајна упорност.

Приказната за ирскиот џин од 18 век чиј скелет се чува во музеј против неговата волја

Се викал Чарлс Брн, и според различни извори бил висок некаде од 2,30 до 2,54 метри. Неговиот скелет се чува во Кралскиот колеџ за хирурзи во Лондон. Но неодамна се покрена иницијатива тој да биде вратен во родната Ирска.

Тестаментот кој поттикнал натпревар во раѓање бебиња

На 31 октомври 1926 починал познат адвокат од Торонто. Кога по некое време бил отворен тестаментот, тој содржел неколку шеговити ставки. Меѓу нив една која се покажала крајно бизарна, и крајно несмешна.

Почнува најголемиот саем на книги во светот - како ќе изгледа?

Денес, 14.10, почнува Франкфуртскиот саем, кој како и многу други традиционални настани нема да личи на себе. Сепак, за разлика од други големи книжевни саеми годинава кои беа откажани, овој барем се одржува.

Симон Калајџиев: „Живеам во Токио и го цртам градот секој ден“

Симон го памтиме од Скопје како ликовен уметник и стрип цртач. Неговата последна изложба дома, од 2016, беше посветена на цртежи од Кападокија. Последниве четири години живее и работи во Јапонија, како архитектонски илустратор. За свое дело - панорамски приказ на Токио, ја доби престижната награда која ја доделува Американското здружение на архитектонски илустратори. Го прашавме зошто се важни рачните илустрации во архитектурата, и со што друго се занимава во слободно време.

Ник Кејв напиша либрето за нова опера

Делото е на белгискиот композитор Николас Ленс, и носи наслов Л.И.Т.А.Н.И.И. Точно тоа што Кејв го пишува целиот живот.

Нова книга на Уелбек во која го нарекува Трамп „добар претседател“

Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.

Необична супер моќ: луѓе на кои не им пречи мирис на смрдлива риба

Нова генетска студија, која не случајно се одвивала во Исланд, открила дека мал процент на луѓе, поради генетска мутација, се имуни на силен мирис на застојана риба.

Мачорот кому еден англиски поет му посветил верска химна

„Џефри: поетовата мачка“ на Оливер Соден е поглед на животот на англискиот поет Кристофер Смарт, но низ очите на неговиот жолт мачор.

Oговарања, обвинувања, местенки: скандалот со познато антрополошко списание

На 2 септември оваа година почина Дејвид Гребер, еден од најпознатите современи антрополози, анархист и активист во движењето Окјупај вол стрит. Но среде сите тажења по неговото заминување, излегоа и потсетници на скандал во кој тој игра една од главните улоги. 

Експериментот за учење од далечина од 1937

Без оглед на сè што се случува последниве месеци, децата си се деца и тие растат без оглед дали е пандемија или не. Им требаат нови искуства, контакти, и начини на кои ќе бидат образовани. Ова го знаеме сега, но го знаеле и во текот на претходните пандемии.