Кејв и Ленс започнале со работа на операта во првите месеци на пандемијата, кога таа неочекувано им овозможила повеќе слободно време. Ленс се нспирирал за проектот од возењата со точак низ Брисел како и од претходни патувања низ јапонски храмови.
„Николас ми се јави во текот на строгиот карантин и ме замоли да напишам 12 литании. Радосно се согласив. Но веднаш штом го исклучив телефонот почнав да пребарувам што е литанија? Најдов дека тоа e црковна молитва што се изговараа или пее, а вклучува повторливи фрази или движења. Тогаш сфатив дека цел живот сум пишувал литании.“
Ова е втора соработка на Кејв со Ленс на опера, откако тој го напиша текстот за делото „Шел шок“ од 2014.
Aлбумот ќе биде официјално пуштен во продажба на 4 декември од издавачот Дојче грамофон. Подолу „Литанија за напуштените“ на која пее ќерката на Ленс, Клара-Лејн:
Еве ги останатите:
L.I.T.A.N.I.E.S:
01 Litany of Divine Absence
02 Litany of the First Encounter
03 Litany of Blooming
04 Litany of The Sleeping Dream
05 Litany of The Yearning
06 Litany of Fragmentation
07 Litany of The Forsaken
08 Litany of Gathering Up
09 Litany of Transformation
10 Litany of Godly Love
11 Litany of The Unnamed
12 Litany of Divine Presence