Bookbox

Најтенките книги на соседите

На порталот danas.hr осамна фотографија од магнети за на фрижидер кои се продаваат во хрватските Конзум супер-маркети, со чуден книжевно-националистички хумор, упатен кон соседите Словенци и Срби.

Петок 13-ти

Ќемал Маловчиќ, фолк великанот од Сански мост со постојана адреса во Австрија, низ егзистенцијалистички обоени стихови ја поврзува неостварената љубов со симболиката на петок 13. 

Понижувањето на еден писател

Сајмон Спуриер е британски автор на крими романчиња, а насловот на неговата последна книга е „A Serpent Uncoiled" (Замотаната змија). И покрај добрите критики, и жанрот на делото, кој во принцип продава, Сајмон не успева во намерата да стане познат и богат.

„Тој се вика Мик Џегер“

Во април 1962. Кит Ричардс, кој тогаш имал 18 години, го напишал следново писмо до тетка му Пети, во кое ја опишува средбата со Мик Џегер, кого го немал видено од дете - средба која како што ќе се покаже ќе му го промени животот.

„Јадење книги" - пак! (и слики од првиот Фестивал)

На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата:

Вили Нелсон ги „препеа“ Перл Џем

Кантри легендата Вили Нелсон сними преработка на фината балада Just Breathe на Перл Џем за неговиот нов албум, Heroes, и тоа како дует со неговиот син Лукас. 

4'33'' на Кејџ

Некои глумци се препознатливи по тоа како се смеат, други по тоа како го изразуваат гневот, а трети се толку софистицирани, што дури и специфично - молчат.

Музика на хартија

Во Белград, во галеријата „Супермаркет“, во тек е изложба на плакати „17 песни" на графичкиот дизајнер Марко Свирчевиќ, кои визуелно ги претставуваат хитовите на Дисциплина кичме, ЕКВ, Електрични оргазам..

Кои јазици се најсоодветни за твитање?

Твит од 78 карактери на англиски, на кинески содржи само 24. Тоа го прави кинескиот идеален за микро-блогови, кои вообичаено ги ограничуваат пораките на 140 знаци. 

Играчницата на Кејн

Ова едноставно моравме да го споделиме - Кејн има 9 години, и од картонските кутии кои се мотаат околу продавницата за стари авто-делови на татко му има направено нешто како играчница.

Музата на Кејв не носи џинс

Ако со нешто ни прави ќеф овој Ник Кејв, освен со неговата музика, тоа се писмата кои од време на време им ги праќа на институциите од музичкиот бизнис, корпорациите и оние кои од него бараат да се претвори во подвижен билборд за нивните производи. 

Поезија што се пуши

Снуп Дог има нова книга. Не , не се мемоари, ниту некој епски роман. Да речеме дека станува збор за малку поинаква песнарка.

Патепис - по стапките на Одисеј

Има неколку причини зошто овој текст ни се допадна. Едно е што читањето туѓ патепис е каква-таква, психолошка компензација за неможноста да се патува, во случајов по Медитеранот, на луксузен брод. 

LOL мачиња во образовни цели

Студентите по архитектура од Универзитетот Беркли, Калифорнија, одлучиле глупите но слатки мачиња кои масовно се лајкуваат и шеруваат, мудро да ги искористат за архитектонско образование на мачкољубивата публика.

Како ви иде боксот? А глумата?

Повеќе од триесет години по премиерата на „Разјарениот бик", почнуваат подготовките за негово продолжение. Де Ниро е престар за улогата, ама па вие сте можеби таман.

Одам, одам

На денешен ден, 8. април 1971. во Лондон е одржан првиот Меѓународен конгрес на Ромите. На него е усвоена Декларацијата за правата на Ромите, а песната „Џелем џелем" е прогласена за нивна химна. Еве неколку верзии од неа.

Гинтер Грас и израелските нуклеарки

Добитникот на Нобеловата за литература, германскиот писател Гинтер Грас, не престанува да бранува во политичките води. Откако по шест децении го обелодени своето учество во единиците на СС трупите, што беше повод за иницијативи големата награда да му се одземе, сега низ стихови го критикува Израел, но и актуелната германска политика кон оваа земја.

Кој е Димитрис Христулас?

Вест за самоубиство на стар човек, и тоа направено од финансиски очај, ако се развие вон рамките на ваквиот тажен факт, има тенденција да прерасне во патетична приказна за жртвата наспроти системот и за светската неправда. Од друга страна...

Ферал Трибјун - една историја

Во мега-интервју, од кое пренесуваме дел, Предраг Луциќ ја раскажува историјата на култниот Ферал Трибјун, еден од најбитните рокенрол проекти на сите времиња на овие простори. Бунт во чист облик, жестоко рокање и ролање, придвижено од страна на неколку клинци од сплитските улици. Едноставно, опасно добра приказна..

Најлоши наслови и корици?

Некој се помачил и направил избор на наслови и/или корици на книги, и ги нарекол ’најлоши’.

Букбокс гледаше - „Алберт Нобс“

Тука ќе ви раскажеме ако сме гледале добар филм, или ќе се обидеме да ви заштедиме време ако тој не чини. За вкусовите нели не се расправа, ама па да не е тој, што ли би збореле?

Пети Смит и руските класици

Рок-иконата Пети Смит својот нов албум „Банга", кој ќе излезе на 5. јуни, го нарече по кучето на Понтиј Пилат од култниот роман на Булгаков, „Мајсторот и Маргарита".

Том Џонс ги пее Коен и Вејтс

Новиот албум на Џонс се вика "Spirit in the Room" (Дух во собата), и треба да се појави на 21. мај

„Вратете им ги скулптурите на Грците, греота се"

Грците ја обновија иницијативата за враќање на рељефите од Партенон, со отворено писмо до Дејвид Камерон. Познатиот британски комичар и писател се придружува кон идејата.