Вечерва сеќавам, дури ги гледам ластовиците
и пупките рани,
како срцето лекум ми расте со птиците
ко видик во деној насмев што ги храни;
со билјето младо како е сè поголемо
и лесно ко крило,
и како едно небо цело среќа сторено
и пеколот на болот доволно не би му било;
како копнее по сè што животот би можел
убаво да му даде,
и ништо премногу да не му е, боже:
толку му се големи и копнеж и надеж.
Чувствувам дека досега сè беше сал шега
на срцетo мое врело,
дека уште никому љубов не сум дала
колку што би можела и колку би сакала;
дека има во мене цела нежна плима
зборови неречени,
дека од срцето мое да подарам имам
секому и пак доволно да има и за мене.
Десанка Максимовиќ