Bookbox

50-те шољи кафе на Балзак

Неодамна Њујоркер го емитуваше првиот од серија филмови кои ќе бидат прикажувани на Амазон, посветен на еден славен француски писател и неговата опседнатост со кофеинот. Кога течното не му вршело работа, тој кафето го џвакал.

Документарец снимен од африкански мигрант

Победник на Берлинскиот филмски фестивал, кој заврши викендов, е италијанскиот документарец „Оган на морето" на Џанфранко Роси, кој зборува за животот на медитеранскиот остров Лампедуза среде мигрантската криза. Но и вон главната фестивалска програма беше прикажан еден интересен филм, токму на оваа тема.

Кајганата на Умберто Еко

Пред да почине вчера, 19 февруари, на 84 години, Еко веројатно знаел како ќе го портретираат светските медиуми, кои за ликови од негов калибар однапред пишуваат посмртници и ги чуваат во фолдер „не објавувај" до моментот кога ќе затребаат.

Зборувате ли „џајв“?

„Груви", „фокси", „кул" - светот на џез музиката си има свој јазик, кој често се „прелева" во популарната култура.

Интерпункциски соголени книги (и наши текстови)

Кога споредуваме книжевни стилови најчесто мислиме на тоа како различните писатели ги користат зборовите. Но она што нивните дела ги прави посебни е и специфичниот начин на којшто секој од нив, свесно или несвесно, користи интерпункција. Ние изгледа сме по запирките.

Храбрите жени од Нигерија кои сами си издаваат книги

30-те милиони припадници на народот Хауса во северна Нигерија имаат богата и долга историја, која во последниве години е обележана со теророт и бруталноста на џихадистичката милитантна група Боко Харам. Тоа, значи, не е баш место каде што би очекувале процут на литературно движење на жени-муслиманки, а особено не такво кое произведува љубовни романи, но со јасни политички пораки.

Новооткриено заедничко дело на Моцарт и Салиери

Четириминутна кантата која повеќе од два века се сметала за исчезната, во ноември 2015 била пронајдена во архивите на Чешкиот музеј за музика. Оваа недела таа беше изведена во живо, можеби прв пат во историјата.

„Валден“ за 21 век

Еден човек врз кого славното дело на Торо извршило големо влијание, сака да ја преведе и тоа од англиски - на англиски. Неговата цел: да им ја приближи оваа книга напишана на 19-вековен јазик и на новите генерации.

Рецептот за совршена електронска порака

Да биде кратка и слатка, но не прекратка, и не преслатка. Јасно ви е, нели?

Доналд Трамп и периката на злото

Режисерот и уметник од Лондон, Гај Ларсен, во сликовница која и не е баш за деца, тврди дека виновник за проблемите со трамповата зла личност и исто такво дело лежи во неговиот заштитен знак - мистериозната коса.

Зошто козата се прибрала дома откако ја скршила ногата?

Ретвитајќи твитови со краток рок на траење, лажни мудри цитати од Андриќ, или вистински глупи од најпродаваните автори на нашето време, како да ги забораваме оние кои ни се оставени во аманет од нашите предци, а кои во исто така зипувана форма ни пренесуваат искуство и совети кои би требало да ги послушаме. Ви текнува на „Пијаната жена е како ул'аа свиња?"

Песни за Валентајн за мажени и женети

Ви кажуваме еден ден порано, година порано, десет години порано. Да не речете после не сте знаеле.

Како се станува херој?

Сите инспиративни приказни на светот за подвизи на храбри луѓе ја следат истата шема. Кога ќе расчлениш, сфаќаш дека сите сме поминале низ некаков херојски подвиг, пример сме утепале змеј, само не сме знаеле.

Сци-хаб, или приказната за отпорот кон платените академски списанија

Една жена е заслужна за основањето на пиратски сајт за научни статии, на тој начин овозможувајќи им на илјадници студенти и истражувачи во светот да ја прескокнат таа за останатите невидлива „железна завеса" на знаењето.

Оживеани детски пронајдоци

За британскиот дизајнер Доминик Вилкокс и неговите чевли што си го знаат патот до дома пишувавме претходно тука. Тој има нов проект кој се вика „Пронаоѓачи", а во него учествуваат 450 деца од неговиот роден град Сандерленд.

Џо Хил - човекот без кого ќе ги немаше Дилан и Спрингстин

Радикален работнички активист, поет и музичар, Џозеф Хилстром, попознат како Џо Хил, повторно станува актуелен во контекст на кампањата на Берни Сандерс и неговата критика на капитализмот. И 101 година од неговата смрт пред стрелачки вод, класната нееднаквост и работничките права сè уште се актуелни теми.

Слатките соништа на Дејв Стујарт

За многумина тој е само тивката (и погрда) половина на Јуритмикс. Но ликот и делото на Стујарт е многу повеќе од тоа.

За цртани филмови без тутун

„Tутунската индустрија продолжува да ги злоупотребува филмовите за регрутирање нови пушачи", велат од Светската здравствена организација, користејќи го периодот пред Оскарите за да привлечат внимание кон овој проблем. А за него имаат и решение. 

Фотографот на Пикасо наполни 100 години

Во пресрет на изложбата на цртежи и графики од приватна колекција во Галеријата на МКЦ која се отвара на 19.02, ви го претставуваме единствениот фотограф на кого му било дозволено да ѕирне во интимниот живот на шпанскиот сликар, а кој пред некој ден наполни еден век.

Koј бил првиот атеист?

Атеизмот како феномен некако го поврзуваме со христијанството и генерално со монотеизмот, како претходно да немало луѓе што не верувале во натприродни сили, Бог или богови. Една нова книга се однесува токму на тие предхристијански атеисти.

Французите лути што правописот им се упростува

Иако изгледа како мала работа, ставањето акцент, дури и тој еден што најчесто се користи во македонскиот, знае да биде многу досадно за некој којшто произведува текстови секој ден. Сме се фатиле како наместо сè пишуваме „сето тоа" само за да го одбегнеме. Ако вака снеможуваат и најагилните во македонскиот, што останува за просечните Французи?

Кому би му го подариле последниот здив?

Денес да ти било Фејсбук „ден на пријателството". Макар и по тој глуп повод, еве уште една приказна на оваа тема, во продолжение на онаа денешната за Херцог и неговата менторка.

Кога Херцог одеше пешки од Минхен до Париз

Соочен со вестите дека неговата филмска менторка и пријателка Лоте Ајснер е тешко болна и хоспитализирана во Париз, славниот германски режисер во ноември 1974 одлучил да направи еден симболички гест - да појде пешки да ја види, како жртва во име на нејзиното спасување.