Bookbox

Како изгледа да си прч?

Се прашувате понекогаш што е смислата на човечкиот живот, и ви доаѓа да излезете од своја кожа? Еден дизајнер одлучил да влезе во онаа на - коза.

Уметничката галерија на ЦИА

Зошто една разузнавачка агенција би имала потреба од колекција на уметнички слики? За нејзините вработени да научат нешто за минатото на институцијата во којашто работат.

Новиот живот на партизанските песни

Во кризни времиња, пригушените, потиснати и заборавени мелодии повторно се враќаат, за да нè предупредат во врска со нивната идеолошка и сетилна моќ. Но колку тие гласови навистина се слушаат, и дали ушите на оние на кои им се упатени се подготвени за нивниот звук?

Aнтологискиот говор што за малку немаше да се случи

На денешен ден, 21 мај 2005, познатиот писател Дејвид Фостер Волас зборуваше пред дипломците на колеџот Кенион. По неговото самоубиство, три години подоцна, тој говор е постојано вклучуван во антологиите на најдобрите на сите времиња. Но малку фалело тој да не се одржи.

Сол Вилијамс, или хип-хоп дервишот на зборовите

Во богатата програма на овогодишниот офф.фест кој започнува на 27 мај, еден настап очекуваме да се издвои, не само заради музиката, туку пред сè заради стиховите - оној на американскиот рапер, поет и актер Сол Вилијамс.

Речник кој по 122 години е до „н"

Во баварски замок во Минхен постои библиотека со висок таван и специфичен книшки мирис, каде е сместена една од најголемите збирки латински текстови на светот. Група истражувачи тука пишуваат нешто што би требало да биде најдеталниот речник на овој јазик до сега. 

Полицајци во пределот на сликарството

Ејми Херман е историчарка на уметност, но таа држи курсеви за визуелно „описменување" на голем број професии кои немаат директна врска со уметноста - полицајци, бизнисмени, болничари. Сега има и нова книга.

Гугл части гигапикселни фотографии на славни дела

„Голем дел од убавината и моќта на уметноста е во деталите" - вака почнува соопштението за јавноста издадено од Институтот за култура на Гугл, со кое се промовира нивниот уметничко-архивистички проект.

Ќе се снима филм според „Капитал во 21-иот век" на Пикети

Славниот француски економист на прес-конференција во Кан, соопшти дека во август ќе почне да се снима документарец според неговото најпознато дело.

Славниот композитор кој јадеше само бела храна

Претходник на минимализмот, надреализмот и театарот на апсурдот, Сати себеси не сакал да се нарекува композитор, туку човек кој создава амбиентална музика што се вклопува во просторот како дел од мебел. Ова е само една од неговите ексцентрични идеи, кои и по век и половина од неговoто раѓање само покажуваат колку бил пред своето време.

Најдобрата политичка кампања на сите времиња, или човекот што фрли камен во езеро

Што останува откако веќе сè е кажано во врска со актуелната политичка ситуација, изборите, немањето правда и немањето мир? Тогаш од зборување треба да се премине на - делување. Токму она што се случува во ова видео.

Писателите и писмата полни омраза

Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик. 

„Паднати ангели“ - новиот албум на Дилан

На 20 мај официјално ќе излезе 37-миот албум на Дилан. Четири дена подоцна тој ќе го прослави 75-тиот роденден. Деновиве на повеќе странски сајтови имаше привремен стриминг на песните, со порака дека се „недостапни во нашиот регион". Божем нема да се снајдеме...

Како да архивираш веб-сајт за следните десет илјади години?

Со менувањето на начинот на којшто генерираме содржини, се менува и дефиницијата на она што би можел да биде „артефакт“ за археолозите од иднината. Но како воопшто да им оставиме нешто, од кое ќе дознаат за начинот на којшто сме живееле, мислеле и чувствувале? 

Филмови за кои најмногу се зборува на Кан 2016

Вчера, 11.05, почна 69-тото издание на традиционалниот филмски фестивал. За жал не сме таму за да уживаме во програмата, но можеме да се подготвиме кога овие филмови ќе дојдат поблиску до нас.

„Волшебникот од Оз" по азбучен ред

Мет Баси (Matt Bucy) во 2001 дошол до откачена идеја - да го разложи неговиот омилен филм на зборови, да ги подреди по англиската абецеда, а потоа по истата логика да ги измонтира сцените во кои се појавуваат зборовите. Резултатот го обелоденил на интернет дури оваа година.

Во иднина oвој текст нема да биде црно-бел

Ретко помислуваме на тоа, но мрдањето на очите додека читаме некој текст е едно од најчестите движења кои ги прави човечкото тело. Како и секое движење, и ова може да се тренира и да се подобри.

Нова книга за Стоунси на ко-авторот на „Винил"

Рич Коен, кој пишува за Венити Фер и за Ролинг Стоун, заедно со Скорсезе, Џегер и Теренс Винтер е ко-автор на серијата „Винил". Неговата најнова книга која излезе вчера, 10. мај, „Сонцето, месечината и Ролинг Стоунс", е опишана како наративна историја на бендот со чии членови тој се дружел од средината на 1990-тите.

Писателска блокада во 53 слики

Мислите дека ваков тип на мачење не би бил соодветен за визуелно претставување? Се лажете - еве го тука во супер-монтажа составена од куп филмови, од Бартон Финк до Заљубениот Шекспир.

Игра која те тера да пишуваш проза и поезија

Три портали се отворени како влезови во непознати светови. Земјаните имаат испратено тимови да ги истражат, но по некаква несреќа ти си единствениот преживеан. Мисијата сепак останува иста: да се опстане, и да се раскаже.

Приказната за најлошата пејачка на сите времиња

Нов филм со Мерил Стрип и Хју Грант зборува за една посебна фигура во (не)музичката историја - богаташка, која иако воопшто немала слух, одлучила да стане оперски сопран. Филмот е комедија, но вистинскиот живот на Флоренс Фостер Џенкинс е малку посложена приказна.

Студентот кој уште во 1921 година ја сфатил опасноста од Хитлер

Млад Ирец присуствува на говор на Хитлер многу години пред овој да стане фирер. „Лудак, со одлични говорнички вештини“, била неговата дијагноза. Но уште тогаш го фатило шубе од ваквата комбинација. 

Анимирана ода за пивото

Алкохолот и поезијата кај Буковски одат (или подобро - се тетерават) рака под рака како патлиџан и босилек, варено јајце и к'цана сол, колбаси и пивце. A кога сме веќе кај пивце.