Bookbox

Феноменот на „буктјуберите“

ВидКон е конференција за луѓе што прават онлајн видеа, која се организира во јужна Калифорнија од 2010. Една од „нишите“ во развој се однесува на осврти за книги. Иако со многу помалку обожаватели од оние за видео игри или за козметика, креаторите на овие видеа се ѕвезди во светот на книшките јутјубери.

Раскажувам лектира: Дамјан за „Касни порасни“

Втор пристигнат прилог кон акцијата „Раскажувам лектира“, овој пат од момче кое наскоро ќе биде второ одделение, за книгата „Касни-порасни“ од Петре М. Андреевски. Веднаш ни дојде да пресечеме лубеница...

Почина џезерот кој ја преточи во музика поезијата на Шимборска

Томаш Станко, полски трубач и композитор, почина на 76 годишна возраст по исклучително богата кариера. Меѓу другото во џез ги преточи и стиховите на неговата сограѓанка, Вислава Шимборска.

Што е тоа „бигфут еротика“?

Додека кај нас политичките препукувања одамна станаа предвидливи, во САД тие на моменти добиваат неочекувани облици. Кога нам ќе ни текне, на пример, некого политички да дисквалификуваме затоа што имал фетиш кон фиктивни чудовишта?

Песната поради која Џорџ Харисон заврши на суд

„Мај свит лорд“ беше прв број еден хит на соло Битлс, но нејзиното излегување го следеше долга и комплицирана историја

Сочувство за преведувачот-предавник

За некого преводот е сиромашкиот братучед на литературата, нужно зло, па дури и богохулие. За други, преводот е мост за меѓукултурно разбирање и креативно толкување. Нова книга ги истражува обете страни на медалата.

Книги што биле напишани на стоење

Ако сте многу на компјутер (а кој не е?), знаете - тоа знае да биде тешка физичка работа. Боли врат, се кочат прсти, се фаќа половина, се мати пред очи. Некои ја сфатиле опасноста од долго седење многу пред појавата на компјутерите, и смислиле решение. Што викаат, лекот е пет пари ама кој да го применува...

Гугл транслејт и апокалиптичните верски пророштва

Додека не беа обелоденети, некои комбинации на зборови на Гугл транслејт во „преводи“ даваа резултати кои делуваат ко извадени од некоја света книга. Што е работата со алгоритмиве?

Oд сите можни фантазии, Американците си сакаат „обично“

Во науката за сексот многу повеќе внимание е посветено на чинот на имањето секс - кога, каде, со кого - отколку на тоа што луѓето мислат за него. Еден истражувач одлучил малку да се позанимава со темата, и по спроведување на најголемиот проект посветен на сексуалните фантазии, издал книга во врска со тоа.

Кул налепници за врз оние грозните слики на цигари

„Што бе, Сачмо почнале да го ставаат врз цигари?“ - се изненадив кога на кафанска маса го видов тутунот на другар ми. „Не бе, налепница е, сами ги правиме“, ми вика тој.

Шепотење и шушкање: трендот на видеа со смирувачки звуци

Однапред се извинуваме за последиците што може да ги искусите од гледањето на овие видеа. Ама (спојлер) има ли поубаво од звук на рака што минува по плишана прекривка?

Новиот роман на Мураками цензуриран во Хонг-Конг

Судската одлука за повлекување на новата книга на Мураками од штандовите на меѓународниот саем во Хонг-Конг, како и нејзино обележување како „непристојна“ во библиотеките и книжарниците, предизвикува остри реакции. 

Новинарката што стана касап

Дали е можно етички да се убиваат животни и да се јаде нивното месо? Ова е прашањето кое една новинарка се обидела да го одговори работејќи како касапски чирак на мала семејна фарма и кланица во Франција. Потоа напишала и книга.

Графичка новела прв пат во конкуренција за Букер

Насловот на книгата е „Сабрина“, и е трилер-дистопија во која се истражува исчезнувањето на една млада жена. Навиваме за неа на непрочитано, заради поддршка на медиумот на графичкиот роман, кого многумина неправедно го потценуваат.

Нов тренд: бавно гледање

После бавно јадење и бавно мислење, доаѓа бавно гледање. Го воведува британски музеј, кој од посетителите бара да стојат пред секоја слика барем триесет минути.

Дали постојат „агресивни“ зборови?

Познатиот 77-годишен еволутивен биолог, атеист и автор на бестселери, Ричард Докинс, пред некој ден твитна слика како седи на клупа во парк уживајќи во сончев ден во Англија. Баш фина сцена, која може да се искористи за испраќање на некоја таква порака. Но не и за него.

Со која рака политичарите си го бришат газот?

Британски професор по психологија како зафрканција сака да тестира теорија дека политичарите од десницата си го бришат газот со лева рака, а оние од левицата со десна. Едно „предаторско“ научно списание навистина го објавува текстот, кој можеби и не е такво срање какво што изгледа.

Чак Поланик: „Ми ги украдоа парите, ама тоа е ок“

Во интервју за Гардијан американскиот писател зборува за новата книга, различните облици на екстремизам и зошто тоа што ги загубил скоро сите пари е „некако фино“.

Букбокс акција: Раскажувам лектира (за награда)

Летото некако традиционално се поврзува со време за читање, а можеби тоа е навика од детството, кога единствената обврска за време на распустот беше да се прочитаат лектирите. И тоа не беше лоша работа, и се уште не е.

Јазикот кој се користи само кога се собираат ореви

Низ средиштето на Папуа Нова Гвинеја минува планински масив, со тешко достапни долини меѓу планините, покриени со шуми. Тоа е терен изолиран со милениуми, што довело до тоа населението кое живее тука да развие различни јазици и култури. Еден од тие јазици има посебна функција

Британски студенти префарбале песна од Киплинг

Универзитетот во Манчестер реновирал една од зградите, и на ѕидот ја испишал песната „Товарот на белиот човек“ од Радјард Киплинг. Студентите се организирале и ја замениле со друга.

Најпопалените мажи во книжевноста

Не се мисли (само) на оние кои имаат најмногу секс, туку и на оние кои најмногу мислат на него. И притоа, барем во книжевноста, тоа главно не е на арно.

Викенд романче од 2.630 долари

Голем број трговци со книги на Амазон се обидуваат да си ја продадат робата што поевтино - логиката вели дека спуштањето на цената во услови на компетитивен пазар ја зголемува продажбата. Ама некои други имаат поинаков, контраинтуитивен пристап.

Слатки нешта на интернет како антидот на цинизмот

Старо правило, на кое често се заборава, е дека секое екстремно растегнување на дискурс во една насока, предизвикува реакција во спротивната.