Неговата слика е толку вообичаена, онака спокоjно седнат во лотус поза, што изгледа како таа да постоела отсекогаш. Но цели шест векови по неговата смрт, Буда не бил прикажуван во човечка форма, туку само преку симболи.
Романот на Голдинг, напишан во 1951, раскажува за момчиња кои затечени на пуст остров ја манифестират мрачната страна на човечката природа. Но дали е можна поинаква верзија на истата приказна? Една таква е подзаборавена, а датира од 1966.
Има мелодии што те тераат да држиш ритам со глава, или да шизиш (макар и во себе), и толку „лепат“ што стиховите во нив се изговараат по автоматизам, без навлегување во нивното значење. А всушност во сето тоа „опа-иха“ има многу мрак.
Пандемијата, меѓу другото, го редефинира појадокот, како оброк на кој конечно можат да му се посветат оние кои се во изолација или кои работат од дома. Иако нема голем број готвачи со рецепти кои можат да помогнат во негово осмислување (како појадокот да не може да е креативен), истото можат да го направат романи, биографии и мемоари.
Нов документарец под наслов Spaceship Earth, чија премиера е закажана за утре, 8.5, ја раскажува приказната на осум луѓе кои пред 30 години влегле во огромна купола, структура наречена Биосфера 2 (затоа што број 1 била Земјата). Изолацијата сепак си го направила своето.
Еppur si muove! Ова е славната реченица која му се припишува на Галилео Галилеј, а се однесува на планетата Земја. Дали тој навистина некогаш ја изустил?
Кога прв пат ја видовме оваа направа мислевме дека е некаква пародија или научна фантастика. Можеби е обете, но сепак е реален изум на еден пронаоѓач, писател и издавач.
На врв на рид во северна Јапонија лежи гробот на човек кој во блиското село Шинго е запаметен како Даитенку Таро Џураи. Остатокот од светот го знае како Исус Христос.
Во последно време сите како да станавме епидемиолози и статистичари. Се обидуваме да најдеме некоја закономерност во хаосот од податоци, да претпоставиме кога и како сето ова ќе заврши. Но притоа, освен ако не се работи за некој наш близок, забораваме дека сите тие бројки на заболени и на починати, се всушност - луѓе.
„Домашната библиотека е прозорец кон душата на нејзиниот сопственик“, вели стандардната изрека. Онлајн интервјуата од дома на некои од славните личности откриваат што имаат во нивните збирки.
„Во текот на работните денови и во работното време, Влатко Милошевски е професионалец во областа на електрониката и компјутерските науки“. Вака гласи почетокот на рубриката „За авторот“, на сајт кој претставува дел од нашата историја на уметност.
Јуни 1374. Во денешен Ахен, Германија, празникот Св. Јован Крстител требало да се прослави вообичаено, како ден за одмор и молитва. Но наместо тоа, најпрвин во мали групи, а потоа масовно, луѓето почнале да играат како да се на техно журка.
Како дел од серија текстови кои ги објавува списанието Тајм за тоа како коронавирусот ни ги менува животите, размислувањата на авторката на „Приказната на слугинката“ и добитничка на Струшкиот венец за поезија во 2016.
Не мислиме на физичко дистанцирање од 2 метра. Мислиме на емотивната дистанца на која сме осудени, доколку не сакаме да бидеме повредени од „боцките“ на другите луѓе.
Зошто азиските земји подобро се справуваат со пандемијата споредено со европскиот Медитеран? И во сама Европа постојат големи разлики. Можеби објаснувањето не е во политиката или медицината туку во - културата.
Во 1964 јужно-американските фанови со нетрпение го очекувале пристигнувањето на „фамозната четворка“. Само што овие не биле Џон, Пол, Џорџ и Ринго, туку Том, Вик, Бил и Дејв.
Кога компир изгледа како мапа на голема Македонија. Или, поактуелно, кога облак делува како модел на коронавирус. Ако гледате ликови и познати форми насекаде, тогаш искусувате нешто што во минатото се сметало за симптом на психоза, а денес за нормална човечка тенденција, која може да е и сигнал на висока креативност.
Teрминот воведен од либанско-американскиот статистичар и аналитичар на ризици Насим Николас Талеб често се спомнува деновиве како соодветен за опис на она што ни се случува. Ама наместо да се радува, самиот Талеб е резигниран, затоа што e погрешно разбран.
Малку време требаше да помине од пандемијата, па луѓе низ целиот свет да почнат да известуваат дека нивните соништа станале поживописни, побизарни од обично. Истражувачите се обидуваат да објаснат зошто.
Пред повеќе од 300 години во Лондон владеела чума. Најчесто цитиран книжевен „документ“ во врска со овој период е „Дневник на годината на чумата“ од Даниел Дефо, истиот оној што ја напиша „Робинзон Крусо“.