Архива

Русите ќе вежбаат исклучување од интернет

Во некое време до први април 2019 година, Русија планира комплетно да се исклучи од глобалниот интернет, чисто за да провери како ќе ѝ оди без него.

Изворот на српските јогини

По повод видеото „Радо Србин во јогини оди“, читател ни дојавува од каде тие регионални замлати најверојатно ја земале идејата (а многу веројатно е дека е вистина, бидејќи денес најдобро умрежени се лудите). Еве ги собрани, ќе кажат дека имаат рак или Паркинсон, и сите паѓаат во несвест од смеење. И ок, разбираме ние дека е фино да се има позитивен став кон бељите, ама како ќе ти помогне ако со сила се смееш на нешто? 

Тешко за несвест

Ова отсекогаш ни било мистериозно, тоа што некои луѓе имаат потреба да одат до некое посебно место за да дигаат нешто тешко ( и главно плаќаат за тоа, а дома им стојат креденци и троседи за џабе). Ама, да дигаш толку тешко за да се онесвестиш, тоа ќе мора некој посебно да ни го објасни. 

„Руски токмак“

„Руски токмак“ е цивилна, ненасилна и бенигна верзија на „руски рулет“, иако не звучи така. Руси си играат со токмак и тоа да е бенигно? Ама, така е.

Жан Клод Јункер е сè заради што се случи Брегзит

Сакате да разберете зошто Британија гласаше да ја напушти  ЕУ?  За тоа постои објаснување од три збора: Жан. Клод.  Јункер.

Гага од државата носи среќа ама не и вработување

Во најмасовниот експеримент на светот со загарантиран личен доход, Финска на свои невработени граѓани цели две години им даваше по 560 евра месечно, како помош додека да најдат работа, со гаранција дека ќе продолжат да им даваат пари и откако ќе најдат работа.

Гиљермо дел Торо: „Најрадикалното нешто што може да го направите е да бидете оптимист“

Прво што помисливме читајќи го насловот е дека дел Торо инкогнито бил во Македонија, и дека ова е неговата пост-фестум порака, со која сака да ни даде сила. Ама изгледа оптимизмот е насушна потреба на светов воопшто.

А што мислевте вие чичко ви Џиџи стар е а?

Човекот кој брани од 1995-ма (Мбапе не бил роден), човекот кој недостига во Јуве, човекот кој недостига во Серија А, човекот кој е и засекогаш ќе остане светска голманска легенда. Со оваа интервенција викендов против Бордо покажа како се брани на 41 година. Еден и единствен Џиџи Буфон.

Мајк Тајсон ужива на фестивал за марихуана

Далеку од градската врева и боксерските промоции на незгодните менаџери, легендата „свири во труба“ редовно.

Што па Макрон се буни кога и тој се меша во италијански работи?

Како за влада која активно ја поддржува италијанската опозиција, Французите многу се вознемирија што италијански функционери им вратија мило за драго, порачуваат од италијанското Движење 5 ѕвезди.

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Комичната епизода на Роналдо со Кедира и топката во лице

Јувентус рутински со 0-3 го совлада Сасуло на гости и продолжи сигурно да вози кон скудетото. Головите ги дадоа Кедира, Роналдо и Џан, а првите двајца беа дел од комична епизода во 61’ минута

„Матрјошка“ (Russian Doll, 2019)

На 1 февруари - ден пред Денот на мрмотот - на Нетфликс излезе серија која само на прв поглед изгледа како верзија на истоимениот филм. Да, главниот лик поминува низ истиот ден, одново и одново. Ама целата работа е малку покомплицирана.

Џереми Скот протестира против фејк њуз

По стотти пат - доказ дека модата е многу политичка, и Џереми Скот за претседател.

Кај Томи Хилфигер дома

Знаете како, понекогаш кога гледате луксузни станови или куќи, па ќе си речете „еден ден ќе заработам, па и јас вака...”? Ај заработете 50 милиони долари, па ќе правиме муабет.

Гледајте „Аманда Нокс” на Нетфликс

Девојката што требаше да биде Тед Банди во женско издание, а „нејзиниот” злостор да добие епитет „на деценијата”, веројатно ќе се сведе на желбата на еден италијански детектив да биде Шерлок Холмс.