Проблемот не е само во главниот град или во поголемите градови, туку подеднакво е раширен низ целата земја. Иако се нема точен или приближен број, популацијата на џукели во земјата Њујорк тајмс ја проценува на 10-ци милиони.
Во земјата секоја година 20.000 лица умираат од беснило, што во 99% е предизвикано од гриз на куче. Инаку на Индија отпаѓа над една третина од сите жртви на беснило во светот. Само во Мумбај минатата година 80.000 лица пријавиле дека биле нападнати од куче.
Бројката на улични кучиња нагло почна да расте од 2001-ва кога беше донесен законот кој забранува убивање на кучиња, а паралелно со ова и здруженијата за заштита на животните успеваат да ги блокираат сите обиди за еутаназија.
"Прво нешто што треба да направите за да ја намалите популацијата на кучиња и подобро менаџирање на отпадот. А втора работа е агресивна кампања за вакцинирање и кастрирање на кучињата," изјавил извршниот директор на Федерацијата на индијски орагнизации за заштита на животните.