50 и нешто годишна жена од Кина е дијагностицирана со хемиска цироза. Кога пред два месеца колабирала, ѝ биле најдени 10 пати повеќе билирубини од нормалното и биле установени тешки оштетувања на јетрата.
Бидејќи ни алкохол, ни дроги ни бутур, истражувањето на нејзините навики дошло до причините за болеста: претераното фарбање на косата. Почнала во своите триесетти, кога се појавиле првите бели влакна а во последната деценија тоа го правела редовно еднаш месечно.
Благодарејќи на медицинските тремани, жената ќе преживее но лекарите велат дека дел од оштетувањата се непоправливи и евентуално можат да водат кон рак на црниот дроб.
Директорката на Департментот за интерна медицина и заразни болести. доктор Фу Лиџуан, потсетува дека повеќето бои за коси содржат дузина хемикалии, некои од нив многу токсични за човечкото тело, првенствено нитробензенот и анилинот. Овие супстанци лесно се апсорбираат преку кожата на скалпот и кога ќе влезат во организмот, мора да бидат метаболизирани од јетрата. А ако таа се напнува повеќе отколку што може да постигне, едно време дига раце од вас.
Лиџуан препорачува бои од растително потекло а ако се користат хемиски бои, тоа не смее да се прави повеќе од два пати годишно.