Официјален аларм за вакцините и мозочниот удар

Американската Агенција за храна и лекови и американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести детектираа ран сигнал за врска меѓу вакцината на Фајзер и мозочен удар кај лица постари од 65 години. Според податоците кои ги имаат, најризичниот период трае 21 ден по примање на вакцината против ковид. 

Системот за мониторирање на безбедноста означи дека вакцината против ковид на американскиот производител на лекови Фајзер и германскиот партнер Бионтек можеби е поврзана со еден вид мозочен удар кај постарите лица, на што укажуваат прелиминарните податоци анализирани од американските здравствени власти.

Центарот и Агенцијата соопштија дека во базата на податоци за вакцини откриен е можен безбедносен проблем во кој луѓето на возраст од 65 години и постари имаат поголема веројатност да настрадаат од исхемичен мозочен удар. Веројатноста е поголема во рок од 21 ден по добивање на вакцината отколку од 22-от до 44-от ден.

Исхемичен мозочен удар, познат и како мозочна исхемија, е предизвикан од блокирање на артериите кои носат крв до мозокот. ФДА и ЦДЦ рекоа дека други големи студии и бази на податоци уште го немаат регистрирано ова безбедносно прашање. 

„Иако е мала веројатноста ова да претставува вистински клинички ризик, веруваме дека е важно да се сподели оваа информација со јавноста“, велат здравствените власти на САД.

Во меѓувреме, англискиот кардиолог Асим Малхотра успеа да стигне и на BBC и да предупреди дека фактор во вишокот фатални кардиоваскуларни проблеми кои се регистрираат во овој период најверојатно се вакцините и да побара нивно паузирање додека не се спроведе темелна научна и здравствена истрага на ова прашање. 

„Успеавме. Ги пробивме меинстрим медиумите!“,задоволно констатираше докторот.

*****************

 Види и:

Покајанието на еден сериозен вакцинален првоборец“ 

Се бара суспензија на вакцините, „до даљнег“

14 јануари 2023 - 09:26