Нема раат:

Лед сијалиците и ракот

Па пичка ли му мајчина. Таман ги сменивме.

Анализа на 4.000 лица кои живеат во 11 одделни делови на Шпанија утврдила несомнена и силна врска меѓу долготрајната изложеноста на ЛЕД светлото и ракот. Кај овие луѓе ризикот од добивање рак на простата е двојно поголем од вообичаениот, а 1,5 пати поголем кога се работи за рак на дојка.

Природата на анализата е таква што истражувачите не можат да утврдат каузална врска, но претпоставуваат дека таканареченото „сино светло“ од LED-от го нарушува човековиот био-ритам кој пак одговара за хармонично одржување на хормонските нивоа. А и ракот на дојката и ракот на простата се канцери поврзани со работата на хормоните.

Истражувачите велат дека нивните наоди се важни и за ноќното користење мобилни телефони и таблети кои исто така емитираат сино светло.

"Луѓето еволуираа на начин што им треба светлина додека е ден но темница кога е ноќ“, потсетува доктор Алехандро Санчез.

Посебна загриженост се раѓа во врска со здравјето во сите оние градови кои заради енергетска ефикасност, масовно ги заменија старите сијалици со нови и штедливи ЛЕД светла.

Синото светло има едни од најкратките но високо-енергетски бранови должини и претходни студии наведуваа дека тој дел од спектарот го намалува производството на мелатонин, клучниот хормон кој го навива биолошкиот часовникот и неговите дневно-ноќни циклуси.

27 април 2018 - 14:10