Ова е прв ишарет од Германија дека Унијата би била отворена кон кинеската и руската вакцина.
„Без разлика на државата во која е произведена, ако се безбедни и ефикасни, тие можат да помогнат за справување со пандемијата,“ изјавил министерот за германските медиуми.
Според него нема фундаментални пречки за користење на двете вакцини.
Претходно, Спан призна дека Германија се соочува со недостаток на вакцини и дека тоа би можело да продолжи да трае до април, дополнувајќи дека германската влада во следните месеци ќе има проблем да обезбеди доволно дози.
Во петокот Русија објави дека во второто тромесечје на годината ќе може да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози Спутник, кои се доволни за вакцинирање на околу 50 милиони луѓе.
Инаку, Унгарија, првата членка која одлучи да не ја чека ЕУ да се договори со сама себе околу вакцините, на почетокот од јануари даде привремена дозвола за користење на руската вакцина, а во меѓувреме ја одобри и вакцината на Синофарм. Ставот на ЕУ околу сето ова е дека однесувањето на Унгарија е непримерно, но не е и нелегално.