Фајзермен

Фајзер направи партнерство со Марвел во кое  суперхероите ќе треба да објаснат (пред се на децата) колку е добро да се вакцинираш и да примаш бустери.

Партнерството е со брендот „Авенџерс“ а стрип серијата го носи насловот „Секојдневни херои.“ Од Фајзер објаснуваат дека целта на стрипот е да се поттикнат луѓето да се заштитат себе си со тоа што ќе го почитуваат распоредот за бустери.

Вака совршено спакуваната пари за публика размена меѓу Фајзер и Марвел е критикувана од експертите бидејќи е несзрамерно насочена кон децата, кои се најмалку ризичната категорија за ковид и имаат далеку помала потреба да бидат вакцинирани.

„Пропагандни стрипови насочени кон деца - кои немаат доволно познавања од комплексна имунологија и вакцинологија неопходни за да се донесе информирана одлука - се екстремно етички дубиозни.              

За нив не треба да има место во медицината или во јавното здравје,“ изјавува поранешниот медицински микробиолог од Универзитетот на Источна Англија, професор Дејвид Ливермор.

Според него најголемиот дел од децата веќе имаат прележано ковид заради што имаат „подолготраен и поширок природен имунитет“ отколку што би добиле од вакцина. Згора на ова тој тврди дека опасноста од сериозно заболување е минимална, што значи дека тие имаат мала корист од вакцината.

Наспроти ова тој проценува дека има „мал но видлив ризик“ од миокрадтис кај деца (ретка форма на воспалување на срцето) што „не е прифалтиво“ кај здрави деца кои не се во ризик да умрат од ковид.

Како што објаснува Ливермор стрипот е насочен кон деца „тешко е да се замисли дека главна публика се ранливите стари лица, кои е најверојатно дека ќе имаат ќар од вакцинацијата.“

Во Британија вакцинирањето е дозволено за деца над 5-годишна возраст, додека во САД бебиња на шест месеци веќе можат да добиваат по две вакцини против ковид.

9 октомври 2022 - 12:55