Саудиска Арабија му плати на Ханс Цимер да им ја среди химната

Оскаровецот и еден од најдобрите живи композитори на музика, Ханс Цимер, е ангажиран да работи на химната на Саудиска Арабија и уште неколку проекти во земјата.

Првиот човек на саудиската Генерална управа за забава, Турки Алалшик, објави дека Цимер ќе работи на „нова интерпретација на националната химна на Саудиска Арабија“.

Освен ова, Цимер добил термини и за концерти во Ријад, нарачка за „оригинална композиција по име 'Арабија' која ќе биде инспирирана од Кралството“ и музика за претстојниот саудиски филм за историската битка кај Јармук, за судирот меѓу арапските сили и христијанската војска на Византиската империја со што завршува византиското владеење со Сирија.

Композиторот деновиве беше во Саудиска Арабија на Џој наградите, на кои се оддава чест на постгинувања на уметници во Арапскиот свет.

Цимер ја има правено музиката за Кралот Лав, трилогијата Мрачниот витез, Дуна и Гладијатор, меѓу другите.

Сегашната верзија на химната:

 

 

23 јануари 2025 - 15:09