Анализата ја прави Универзитетот на Британска Колумбија, од каде објаснуваат дека заради ова одредени култури, како северноамериканските, секогаш ќе бидат привилегирани во вработувањето во споредба со култури во кои се посветува поголемо влијание на скромноста, како азиските.
Учесниците во анализата прво одговориле прашалник преку кој требало да се одреди нивното ниво на нарцизам, а потоа им било направено интервју за работа.
"Видеата од интервјуата подоцна биле оценувани од посебен тим. Нарцисите повеќе зборувале за самите себе, правеле директен контакт со очи, се шегувале и им поставувале повеќе прашања на луѓето кои ги интервјуираат. Како резултат на ова, истражувањето открива дека тимот ги оценувал нарцисите како по атрактивни кандидати за позицијата.
Тие исто така откриле дека учесниците со јапонско, кинеско или корејско потекло, покажувале пониски ниво на нарцизам, и било помалку веројатно да добијат 'дефинитивно за вработување' оценка од тимот," пишува phys.org во анализа на студијата.