Со оглед на тоа што повеќето приземјени вработени во државната Аир Индија се жени, критичарите ваквата одлука ја сметаат за апсурдна и исклучително сексистичка. Компанијата пак инсистира на објаснувањето дека нивното решение било базирано исклучиво на безбедносни проценки.
Тивката војна меѓу индијскиот превозник и неговите покрупни стјуардеси трае десетина години. Аир Индија започна да ја регулира височината и тежината на своите стјуардеси уште во 80-тите години. Во 2006-та отпушти девет стјуардеси заради енормно здебелување што ја намалувало нивната способност да одговорат на работнтие обврски, особено во итни случаи.
Стјуардесите ја однесоа компанијата на суд но изгубија па се жалеа на Апелација а институциите сè уште го решаваат нивниот случај. Компанијата се правда дека на откази се решиле откако пропаднале сите нивни апели до овие стјуардеси малку од малку да намалат тежина.
"Ние не сме манекенки и не работиме на модна писта," вели една искусна стјуардеса со 27 годишен стаж.
"За грамови можеш да леташ од работа", вели друга стјуардеса на Аир Индија која успеала да го задржи работното место откако се спуштила под 68 килограми, колку што е максималната дозволена тежина за нејзината височина од 160 сантиметри.