Новата честичка можно е да е потешка но слична на веќе откриениот Хигсов бозон. А можеби и не е налик на Хигсовиот бозон, сè уште не се знае. Во секој случај, честичката не е
предвидена во рамките на теоријата на Стандардниот модел, теорија која ги објаснува сите до сега откриени елементарни честички.
Резултатите се прелиминарни со 1:93 шанси да се работи за грешка, далеку од стандардот 1:3.5 милиони (т.н. 5 сигма) кој се прифаќа како доказ за откритие.
Сепак, доколку се испостави дека резултатот е точен, тоа би значело отворање на вратите кон нова, досега непозната, физика, вон рамките на Стандардниот модел. Токму тоа им се допаѓа на физичарите. Како што изјави еден од научниците на ЦЕРН:
"Колку понестандарден (резултат) толку подобро. Ќе им даде на луѓето многу за размислување. За тоа сме платени, да шпекулираме."