Гугл го збриша РТ од вестите

Врз сите санкции што му беа наметнати на РТ, се натовари и последната од Гугл со која рускиот медиум целосно од отстранет од агрегаторот на вести на Гугл, Гугл њуз.

„Ова е вонредна криза и ние преземаме вонредни мерки за да се спречи ширењето на дезинфомации и да се сузбијат он-лајн кампњите за дезинформирање,“ изјавил претседателот на Гугл за глобални работи, Кент Вокер.

Претходно Гугл на различни нивоа ги блокираше РТ и Спутник на Јутјуб, во зависност од земјата и регионот од кој се пристапува на нив.

За заменик уредничката на РТ, Ана Белкин, ваквиот потег е доказ дека западните компании од „естаблишментот“ се „преплашени од едноставното постење на надворешен глас од страв дека ќе ја изгубат својата историски заробена публика, ако таа публика чуе поразлична перспектива“.

Во исто време Епл ќе го забрани даунлодирањето на апликациите на РТ и Спутиник за корисниците надвор од Русија.

2 март 2022 - 09:09