Неполни 48 часа по поставувањето на првата статуа на Дејвид Боуви во неговата родна земја, вандал/и ја осквернавиле во име на гладните.
Статуата е наречена „Раниот гласник“ и била поставена на плоштадчето Ајлсбери, Бакингемшир, местото на кое легендарниот музичар за првпат го промовираше ликот Зиги Стардаст.
„Прво нахранете ги бездомниците“, напишал некој пред статуата а со остатиокот од спрејот позади напишал „RIP DB“.
Статуата е дизајнирана од Ендрју Синклер, нејзиното обелоденување пригодно го обележал вокалистот на Мерилион, Стив Хогарт а чинела 100.000 фунти кои биле собрани со краудфандинг.
Ене ги бездомниците, полни стомаци.