Њујорчаните кои живеат меѓу 7-та и 8-та авенија побараа од градските власти да се забрани паркирањето во нивно маало за време на викенди, бидејќи посетителите на ноќните клубови во нивниот комшилук, често пати вечерта ја завршуваат со секс во автомобилите паркирани пред нивните домови.
Тие не се бунат само за погледот, туку и за паркирањето против сите правила, спорадичното огласување на автомобилските свирки во ниедно време на ноќта и кондомите кои осамнуваат наутро низ целото соседство.
Инаку, заради проблемите кои ги прават посетителите, еден од тамошните клубови најверојатно нема да добие продолжување на дозволата за точење алкохол. По ова менаџерот на клубот, се согласил да поработи со претставниците на соседството, за решавање на проблемите со гостите.
Останатите клубови не коментирале за однесувањето на нивните гости.