Каков е сексот кај обичните луѓе

Не базирано на порно ѕвезди, фалење на софра или ветувања дадени од најразлични мажјаци, туку по основа на исповеди на 46.000 луѓе во периодот од 1990-та до 2010-та, треба да ви соопштиме дека и покрај се повеќе голотија што гледаме, луѓето денес имаат помалку секс.

Во 90-те луѓето имале секс по 5 пати месечно, за до 2010-та, ова да падне на само 3 пати во еден месец. Не е само до тоа дека едни на други не сме си давале, туку на падот влијае и тоа што денес помалку луѓе се во врска, во животот има повеќе стрес и зафатеност, а згора на се' секој 6-ти имал некаков здравствен проблем што влијаел на нивниот сексуален живот.

Половина од жените и 40% од мажите пријавиле проблеми со сексот, меѓу кои најчест проблем бил немањето интерес за истиот. Кај младите (женски и машки од 16 до 24 години) 10% изјавиле дека сексот не ги интересира.

Кога пак ќе дојде ред да имаат секс, една четвртина (од двата пола) објаснуваат дека немаат ист сексуален интерес како нивниот партнер. Нешто помалку од 20% имаат партнер кој имал проблеми за време на сексот, и оваа бројка се зголемувала со возраста на испитаниците, посебно кај женскиот пол.

20 годишната анализа на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, открива директна врска меѓу стишувањето на сексуалните односи и распаѓање или проблеми во врската.

27 ноември 2013 - 21:52