Кој ќе победи на Оскарите, според предвидувањата на 538

Не можеш да знаеш колку пари, внимание и алкохол, студијата и продуцентите ќе потрошат на молење на Академијата за глас за нивниот филм, ниту пак како размислуваат 7.000 членови на Академијата. Можеш да разгледуваш статистики и да веруваш дека според досегашното резиме овие статистики најдобро ќе ги разберат од 538, сајтот за статистички предвидувања.

Во проектот се следат номинираните во 6-те големи категории и како тие проаѓаат на останатите награди кои им претходат на Оскарите. Наградите од најразлични здруженија или од новинарите, историски се најдобриот показател. Од ова множество наградите се рангираат според нивната успешност во минатото да имаат идентичен победник како и Оскарите. Во зависност од овие резултати, се делат поени на номинираните.

"Дали овој метод може перфектно да го предвиди исходот на Оскарите (на 28-ми февруари)? Не. Ама може да ни даде преглед кои се лидери и пристојно чувство за тоа кој може да победи," пишуваат Волт Хикеј и Алисон Меккан во својот текст за 538.

Рангирањето на статистичките извори изгледа вака:
- Победата на наградите на Здружението на продуценти, е еден од посериозните показатели за победник за најдобар филм.

- Победникот за најдобар режисер на наградите на Здружението на режисери, победува и на Оскарите во 84% од случаите во последниве 25 години.

- Во конкуренцијата за најдобра актерка нема вака доминантен фактор како кај режисерите, меѓутоа наградите на Здружението на филмски актери до сега најмалку грешеле.

- Кај мажите истите овие награди се одлични во предвидување на победникот за најдобра машка улога во последниве 25 години. Само кај режисери имаме поголем број на точни предвидувања.

- Споредната женска и машка улога најдобро (или најмалку лошо) ги предвидуваат БАФТА и Здружението на филмски актери.

На сите овие математики, распоредот, до сега, на три седмици пред Оскарите, изгледа вака:

 

 

 

 

 

Апдејти тука

6 февруари 2016 - 14:15