Кујната е дизајнирана од IDEO од Лондон, глобална дизајнерска фирма и студенти по дизајн, а се фокусира на „социјалните, технолошките и демографските сили кои влијаат врз тоа како ќе се однесуваме во врска со храната во 2025".
Еве некои од карактеристиките на оваа кујна на не-така-далечната иднина:
Ви останал домат кој почнал да се расипува? Ставете го на тн. „Масата за живеење" и ќе добиете брз и лесен рецепт со што можете да го искомбинирате - целта е да се намали фрлањето храна
За оние кои немаат место во станот, масата ја елиминира потребата за посебен шпорет. Во самите тенџериња постои скриена индуктивна навивка која ја грее нивната внатрешност, па масата останува слободна за работа и јадење
Модерниот шпајз е како фрижидер само без вратата, за да можете да ја гледате својата храна и да не го купувате она што веќе го имате. Температурата се контролира преку технологија која е вградена во самите полици
На пример оваа риба е во контејнер на којшто пишува „2 степени Целзиусови" - полицата ќе ја држи на таа температура додека не одлучите да ја употребите
Умниот систем за вода поттикнува одговорна употреба. Има две лавабоа - едно за „црна вода", која оди во канализација, и друга за „сива вода", која може повторно да се употреби, на пример за наводнување на растенијата
Ѓубрето рачно се сортира, се гмечи и вакумира, и е подготвено за фрлање