Сликата прикажува ирачки затвореник кој трпи тортура во ирачкиот затвор Абу Граиб. Првично користен од Садам Хусеин како симбол на теророт, затворот подоцна станува објект што го користеа САД за приведување осомничени бунтовници.
Авторот на фотографијата, наредникот Иван Фредерик, документирал илјадници слики за време на неговата служба во затворот. Затворениот на фотографијата е подложен на психичко и на физичко мачење., лишен од гледање, облека и достоинството, се чини дека има електрични жици залепени на прстите. Дополнително, принуден е да стои на кутија, во поза што потсетува на распнување.
Се вика Абду Хусеин Саад Фалех. Неправедно уапсен под сомнение дека е бунтовник, откако им се побунил на американски војници кои фрлиле отпад на фудбалско игралиште во неговото маало. Го уапсиле заради дополнително испрашување.
„Штом некој ќе влезе во затворот, го закачуваат на вратата од металната ќелија, го маваат со струја и уринираат врз него“, го опиша подоцна третманот низ кој минувал тој и другите затвиореници во Абу Граиб.
По обелоденувањето на фотографиите, уапсени се вкупно 11 вработени од затворот. Самиот Фредерик доби осумгодишна затворска казна, одлежа само четири.
Еве го на смена: