До
г-ѓа Барбара Буш
Прва дама
Белата куќа
1600 Авенија Пенсилванија
Вашингтон
Почитувана Прва дамо,
Неодамна ја прочитав критиката упатена кон моето семејство. Многу ме повреди. Господ знае дека сме далеку од совршени и, за волја на вистината, можеби и малку помалку од нормални, но како што вели д-р Сеус, „човек си е човек".
Се обидувам да ги учам моите деца, Барт, Лиза, па дури и малата Меги, секогаш да им даваат шанса на луѓето и да не зборуваат лошо за нив, дури и кога тие се богати. Тешко е да ги натераш да го разберат овој совет кога самата Прва дама на земјата не' нарекува не само глупави, туку и „најглупавото нешто" кое некогаш го видела. Госпоѓо, ако ние сме тоа што велите дека сме, Вашингтон мора да е многу различен од она што ме учеле во нашата група во црквата.
Секогаш верував дека имаме многу заеднички работи. И двете ги живееме животите за да му служиме на еден исклучителен маж. Се надевам дека има начин да го разрешиме ова недоразбирање. Мислев дека е добар почеток ако просто си кажам што си мислам.
Со голема почит,
Марџ Симпсон
Одговорот на Барбара Буш:
Драга Марџи,
Колку љубезно од тебе што ми пиша. Мило ми е што кажа што ти е на ум; јас па, глупава, мислев дека го немаш.
Гледам во твоја слика, нацртана на пластична чаша, ти со твојата сина коса полна со розови птици. Очигледно, ти и твоето шармантно семејство - Лиза, Хомер, Барт и Меги - сте на излет. Тоа е баш фина семејна сцена. Јасно е дека давате добар пример на остатокот од земјата.
Извини за брзиот јазик.
Срдечно,
Барбара Буш
П.С. Хомер изгледа како згоден дечко!
_______________________________________
* Де години подоцна, Џорџ Дуплове Буш изјави: "Ќе разботиме на зајакнување на американското семејство. Да биде повеќе како Волтонови а помалку како Симпсонови".
Симпсонови реагираа уште на следната почетна сцена:
а подоцна и со цела епизода, Two Bad Neighbors