Клекнатиот археолог кој не потклекна на ИСИС

Фотографијата е од 18 август 2015 година. Сирискиот археолог Калед Ал Асад,  на колена чека да биде егзекутиран на централниот плоштад во Палмира, решавајќи да го жртвува својот живот за да го заштити древното наследство од лудаците на Исламската држава. 

Калед ал Асад одбива да ја открие локацијата на скриеното богатство и непроценливите антиквитети на Палмира кои неговата екипа ги открива и сокрива на безбедно место пред доаѓањето на ИСИС.

Обезглавен е пред толпа народ, пред музејот во кој работел 50 години и ги водел истражувањата на извонредно богатите локалитети на Палмира.

ИСИС го обвинува дека е неверник кој ја претставувал Сирија на еретички конференции, дека бил директор на идолатријата во Палмира, дека го посетувал еретичкиот Иран и одржувал комуникација со сопствениот брат кој бил припадник на сириските безбедносни сили.

Откако го обезглавиле, телото му го закачиле на семафор. Зборувал пет живи и шест антички јазици. Неколку европски држави му имаат понудено азил и засолниште, но Асад одбил да ја напушти Сирија.

23 август 2021 - 11:05