Роастинг на познати фаци е еден од најурнебесните ритуали на американската култура кој тешко да може да се изведе на други места. Политички еквивалент на тоа се конгресните испрашувања. На тапет дојде главниот плејмејкер на пандемијата, Ентони Фаучи. Му вадеа снимки што рекол, му покажуваа слики како тоа изгледало, му викаа дека е за во затвор. Поштено го спржија.