Брет Вајнстин: Да те прашам нешто, примаш ли ти уште ковид бустери?
Мајкл Шермер: Не.
Вајнстин: Зошто?
Шермер: Затоа што неколку пати прележав ковид па имам природен имунитет.
Вајнстин: Ооо, значи сега веруваме во природен имунитет? Откако цел државен здравствен апарат нè убедуваше дека тоа не е доволно и треба да ги користиме предностите на вакцината? Се сеќаваш ли дека луѓе како мене врескаа за ова?
А сега дознаваме од Пол Офит (американски педијатар, имунолог и виролог кој учествуваше во забрзување на вакцинацијата и во авторизација на ковид вакцините, вклучително и на Фајзер - н.з.) дека сите главни играчи во пандемијата се имаат собрано и приватно ја споделиле вистината заради која нас нè гушеа? Тие знаеле дека природниот е најдобриот имунитет и дека вакцината нема да го подобри ама решиле да го чуваат тоа за себе, наспроти фактот дека тие вакцини беа направени со нова технологија за која - во најдобар случај - не се знаеја ризиците!
Како можат тие луѓе да принудат стотици милиони луѓе кои прележале ковид да се вакцинираат, држејќи ја вистината во себе? А истовремено, за луѓето како мене, како тебе, да викаат дека сме луди?
Имаше и кај нас:
„Според ноемвриска студија на која се повикуваше доктор Злате Мехмедовиќ, вакцинираните имале пет ипол пати помалку шанси да се заразат од оние кои ја прележале болеста (на што доктор Пановски имаше искуствени контра-аргументи, видео подолу). Ројтерс сега објавува нова студија во која се тврди обратно“.
* Во Прележаноста е подобра заштита од вакцинираноста
Види и:
