
Централната карактеристика на најновата линија на Samsung мобилни телефони за која се уште се зборува е дефинитивно Galaxy AI вештачката интелигенција имплементирана во функциите на овие уреди. Но, на големо и пријатно изненадување за пошироката публика и корисниците на Samsung телефони, сега сите тие Galaxy AI карактеристики ги добивате и на другите Galaxy телефони лансирани претходната година, а сето тоа благодарение на најновото ажурирање на оперативниот систем One UI 6.1.
Што ви донесува апдејтираниот интерфејс One UI 6.1 кај вашите Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5?
Вештачката интелигенција на мобилните уреди го трансформира начинот на кој комуницирате со светот околу вас, при тоа отворајќи нови можности за секого. Но, штом направите апдејт на One UI 6.1 на вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5, ќе ги добиете н располагање најактуелните AI функции кои ќе ви овозможат беспрекорна комуникација, неограничена креативност и продуктивност. Тоа значи дека сега и вашиот телефон на преклоп Z Flip5 или Z Fold5 ви ја нуди атрактивната функција Circle to Search (Пребарување со заокружување) со која доколку забележите нешто за што ви треба објаснување, можете брзо да добиете одговор, дури и без да ја напуштите страницата! Само заокружете со прстот и за миг добивате генерирани од Google резултати за она што го барате. Потоа, ја имате ВИ алатката за совршена пишана комуникација со функцијата Chat Assist (Помош за разговор) која ќе ви овозможи превод на пораки, е-пошта и друга содржина во реално време, како и да го усовршите тонот на разговорот, за комуникацијата да звучи попрофесионално! Сега можете да одговорите на порака на вашиот јазик која автоматски ќе биде преведена за другата страна, и тоа со тон каков што сакате да има вашата комуникација – професионалн, опуштен, пријателски....
Исто така, ова најново ажурирање на One UI 6.1 на вашиот Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5 ви ги донесува и извонредните можности за запишување на вашите мисли или правење список со задачи со опцијата Note Assist (Помош за белешки) која ги скратува записите и го обликува текстот. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Transcript Assist (Помош за транскрипција) користи „говор во текст“ за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици. Впрочм, сите овие функции со вештачка интелигенција кои ќе можете да ги имате и на вашиот телефон на прклоп се создадени да ја направат вашата секојдневна комуникација интуитивна, полесна и поинтересна.
Подобрени ВИ функции и за фотографиите
Веќе фантастичните можности на камерите кај вашиот телефон на преклоп, како што се фотките од неверојатни агли кај Galaxy Z Flip5 или неверојатниот приказ во дупла големина кај Galaxy Z Fold5 кога е расклопен, сега со Galaxy AI функциите за фотографирање со вештачка интелигенција овозможуваат дополнително подобрување. На пример, сите веќе направени фотографии може да ги направите уште подобри со користење на функциите Edit Suggestion (Предлози за уредување) и Generative Edit (Генеративно уредување). Првата ќе се погрижи самиот уред да ги предложи најдобрите корекции на фотографиите, а со генеративно уредување ќе можете да ги отстраните елементите што го одвлекуваат вниманието од фотографијата, од луѓе до рефлексии.
Неверојатна промотивна понуда и фантастични подароци со секој нов Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5
Искористете го промотивниот период да си купите нов телефон на преклоп и при тоа, освен што ги добивате сите најнови ВИ функции кај Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5, добивате и фантастични подароци како Galaxy Fit3, Galaxy Buds FE или дури таблет Galaxy Tab A9 4/64 Wifi. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.
Повеќе информации за телефоните на преклоп прочитајте на следниве линкот:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
(Комерцијален текст)