Тенок, стилски и беспрекорно интелигентен – новиот Galaxy S25 Edge

Неодамна лансираниот ултра тенок Galaxy S25 Edge е јаготката на тортата наречена серија Galaxy S25 за оваа година. Врвната серија на Samsung, претходно годинава ги восхити сите љубители на смартфони со својот флегшип модел Ултра давајќи им го можеби најдобриот премиум телефон со врвни АИ функции и неверојатни карактеристики, а сега само ја заокружи својата извонредност претставувајќи го неверојатно тенкиот модел Еџ од истоимената серија. Што е тоа кај новиот Galaxy S25 Edge што ќе ве восхити и вас?

1.    Ултра тенок и супер лесен

Galaxy S25 Edge плени уште при првиот допир. Со дебелина од само 5.8 мм и минимална тежина, овој телефон изгледа како деликатен моден аксесоар, но во себе крие технолошка моќ. Совршено лежи во рака, лесно се лизга во џеб или чанта, а секој негов детаљ е создаден да зрачи со елеганција и префинетост.

2.    Врвен екран и титаниумска рамка

Екранот на Galaxy S25 Edge е вистинско визуелно задоволство – Dynamic AMOLED 2X дисплеј со живописни бои и извонредна јасност, кој нуди искуство како да гледате реалност. Титаниумската рамка додава чувство на луксуз и издржливост, претворајќи го телефонот во совршен спој на убавина и сила.

3.    Фантастична камера од 200 МР и АИ систем за уредуање на содржините

Со 200 MP главна камера, Galaxy S25 Edge ги претвора секојдневните моменти во уметнички фотографии. Без разлика дали снимате во дневна светлина или под ѕвезди, деталите остануваат живи, а боите – реални. Благодарение на AI системот за уредување ProVisual Engine, можете да отстраните сенки, подобрите агли или автоматски да го оптимизирате секој кадар – без потреба од професионален софтвер.

4.    Напредни функции со вештачка интелигенција обединети во Galaxy AI

Galaxy S25 Edge ја носи интелигенцијата на ново ниво со Galaxy AI и Google AI Pro – најмоќната верзија на вештачката интелигенција досега. Оваа комбинација создава телефон што навистина разбира што ви треба. Преведува повици во реално време, сумира белешки, креира текстови, а дури и ви помага со идеи за пораки или описи за фотографии. Со Google AI Pro интегриран во Galaxy S25 Edge, можете да побарате информации, да уредувате визуели или да анализирате содржини директно од телефонот – интелигентно, брзо и природно, како разговор со вистински асистент.

И не е тоа сé – кога зборуваме за безбедност на вашите податоци во уредот,серијата Galaxy S25, а со неа и моделот S25 Edge поставува нови стандарди. Со Samsung Knox, вашите лични и професионални податоци се заштитени со повеќеслојна дигитална одбрана – од биометриски отпечатоци до финансиски информации, сè е безбедно и недостапно за трети лица. Покрај тоа, One UI 8 нуди интуитивен интерфејс што го прави секојдневието полесно, побрзо и визуелно поубаво, со долгорочни ажурирања до 7 години, а преку апликацијата SmartThings, вашиот телефон станува срцето на паметниот дом – можете да го контролирате телевизорот, машината за перење, фрижидерот или клима-уредот со само еден допир. 

Сè уште не сте дел од светот на Galaxy? Тука е апликацијата Try Galaxy да ви овозможи да го искусите магичното Galaxy AI искуство и уникатниот екосистем директно на телефонот кој го користите во моментов, за да разберете зошто иднината е веќе започната со Galaxy.

Ако барате совршенство, го најдовте: Galaxy S25 Edge е таму каде што технологијата го допира врвот.

(Комерцијален текст)

11 ноември 2025 - 13:59