Раскинувањето на три децениската соработка е заради планот на ФИФА да развие ФИФА брендирани видео игри со различни програмерски куќи, за разлика од до сега кога ЕА Спортс го имаа екслузивитетот за речиси сите фудбалски видео игри (симулациски и несимулациски) што го носеа името ФИФА.
Договорот меѓу двете компании секако ќе завршеше годинава, но тие се договорија за продолжување од уште една година, според кое ФИФА 23 ќе биде последната игра на ЕА што ќе го носи брендирањето од ФИФА.
ФИФА брендот на ЕА почна со ФИФА интернешнл сокер за Сега генесис, која беше објавена во 1993 (пред 30 години!).
Од јули 2023, фудбалската игрица на ЕА ќе се вика ЕА Спортс ФЦ.
ФИФА брендирањето повторно ќе биде понудено на пазарот дури во 2024.
Според Њујорк тајмс, спорот меѓу двете страни бил заради парите. ЕА годишно за правата на ФИФА и плаќала 150 милиони долари. За новиот договор ФИФА надоместокот го кренала на над 300 милиони долари годишно.