Пластични шишиња од млеко се рециклираат и со тоа се прават патишта во Јужна Африка, земја во која лошите патишта прават штета која се искажува во милијарди долари.
Локална фабрика ги рециклира шишињата и ги претвора во пелети кои потоа се загреваат на 190 степени за кога ќе се стопат да им бидат додадени адитиви. Со таа мешавина се заменува дел од битуменското врзивно ткиво па во секој тон асфалт доаѓаат околу 120 шишиња од млеко.
Целиот процес испушта многу помалку токсични емисии од стандардните процеси а добиениот микс е многу поиздржлив на вода и промени на температури: „држи“ до плус 70 целзиуса и до минус 22.
Производните трошоци се приближно исти како со битуменот но ќе има финансиски заштеди бидејќи од новиот материјал се очекува да го продолжи времетраењето на патиштата кое во Јужна Африка изнесува околу 20 години.
И притоа ќе се собере ѓубрето и ќе се растоварат депониите.