Креативноста и личниот израз во преден план со Galaxy Z Flip6

Во свет каде што секојдневието е преполно со технологии кои ветуваат многу, Galaxy Z Flip6 успева да ги надмине очекувањата, нудејќи не само телефон, туку вистинска платформа за личен израз и креативност. Овој нов уред на Samsung совршено се вклопува и прилагодува на вашиот стил и начин на живот.

Galaxy Z Flip6 е за сите оние кои сакаат нешто уникатно и персонализирано. Со помош на надворешниот екран FlexWindow, буквално можете да го скроите телефонот по своја мерка, давајќи му го посакуваниот изглед на главниот дисплеј кој ќе ја одразува вашата личност. Еден од главните адути на Galaxy Z Flip6 е можноста за лесно менување на теми, икони и дури и самата функција на копчињата на екранот – сето ова може да биде изразено во минималистички стил или пак во смели шарени комбинации.

Буст за креативност

Дизајниран за креативци и сите оние кои бараат нов начин на изразување, Galaxy Z Flip6 ја поттикнува вашата имагинација. Системот од камери со ВИ функции за брзо уредување на слики и видеа, го прават уредот совршен за создавање и споделување на креативни содржини, додека пак единствената форма на преклоп со функцијата FlexCam овозможуваат снимање од различни агли. Со режимот Flex Mode, можете да го поставите телефонот како статив, што отвора нови хоризонти за креативност, без оглед дали снимате видео блог, правите селфи или едноставно се забавувате со новиот начин на фотографирање. Функцијата ProVisual со вештачка интелигенција максимално го користи новиот сензор со широк агол од 50 MP и сензорот со ултра широк агол од 12 MP поддржан од Super HDR, за да „го фати“ совршенио кадар во сите услови. Функцијата Nightography обезбедува јасна слика дури и при услови на слаба осветленост,  а  сега е достапна во апликацијата Instagram Story, за да можете директно да снимате и објавувате фотографии. Со таква технологија, секогаш можете да ги снимите совршените моменти, без оглед на условите на осветлување.

Совршениот додаток за Galaxy Z Flip6

Но, креативноста не завршува тука. Новиот рачен часовник Galaxy Watch7 е совршениот додаток за Galaxy Z Flip6. Со својот префинет дизајн и напредни ВИ функции, Galaxy Watch7 ќе ви овозможи да останете поврзани, организирани и со вистински стил. Но, можеби најважно е дека овој часовник е одличен асистент за секојдневно следење на вашето лично здравје и општата благосостојба, овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција.

Серијата Galaxy Watch7 ќе ви овозможи детално следење на повеќе од 100 вежби и градење рутини со комбинирање на различни вежби, сé со цел да ги постигнете вашите цели. Исто така уредот поседува функции со кои ќе можете да ги споредувате тековните и минатите изведби на вежбите во реално време, за полесно да го следите својот напредок и да останете мотивирани.

Најновиот уред на преклоп Galaxy Z Flip6 е многу повеќе од телефон - тоа е алатка за изразување, средство за креативност и моден додаток кој ги надминува границите на обичниот смартфон, а совршено се вклопува со рачниот часовник Galaxy Watch7, како во естетска, така и во функционална смисла.

(Комерцијален текст)

22 август 2024 - 08:15