Во таа насока делува и кризата во Европа, иако европските лидери се надеваат дека некако сепак ќе успеат да ја реализираат планираната енергетска транзиција.
Руската инвазија турбо го разгоре пазарот со јаглен, покренувајќи домино ефект кој прво ги погоди производителите на струја па после и сите други.
Зголемена потрошувачка на јаглен е регистрирана и во Кина, најголемиот светски потрошувач на оваа суровина. Кинеските власти никогаш не криеле дека ќе ги користат фосилните горива за да го одржуваат темпото на економски раст, исто како што европските земји и САД го правеа тоа за својот раст после индустриската револуција.
На постоечката флота на електроцентрали на јаглен, во 2021 година биле додадени уште 18.2 гигавати капацитет со што струјата од јаглен има моќност од вкупно околу 2.100 гигавати. Истовремено, гаснењето на ваквите централи е забавено.
Единствената добра вест е дека само 170 централи (со 89 гигавати) што е само пет проценти од оперативната флота не се покриени со некакви планови за нивно фазно заменување заради постигнување на климатските таргети. Но, датумите кога тоа ќе биде направено и за овие кои имаат план не се нешто на кое човек може да се клади.