Излези копче право на тачскрин

По долги години (броено во интернет време) протежирање на екраните на допир како врвот на интеракцијата меѓу луѓето и технологијата, научниците го преставија следниот чекор на оваа тема - копчето.

Калифорнискиот старт-ап Тактус разви фолија со проѕирни копчиња кои би се кревале на екранот секогаш кога ќе треба нешто да се напише, а потоа повторно би ги снемувало. Кога копчињата нема да бидат активни, површината би изгледала како регуларен екран на допир.

Од Тактус објаснуваат дека фолијата зафаќа исто место како и проѕирното стакло на сегашните екрани на допир.

Освен редовните платформи (телефони и таблет компјутери), технологијата би можела да се искористи и за далечински управувачи или па за музички инструменти.

Луѓето што го смислија ова објаснуваат дека нивниот изум функционира исто како и сегашните екрани на допир и дека нема да треба да се прават промени на сензорите што се користат во телефоните.

 

8 јуни 2012 - 12:29